ФИБА „Челенџер“: Македонските јуниори беа на чекор до изненадување против Шпанија

Фото: kfsm.mk

Вo последниот период, беше блиску до комплетен пресврт, симна на достижна разлика, но на крајот Македонија загуби од фаворитот (62:69) Шпанија на „ФИБА“ Челенџерот во Скопје за играчи „Под 18“ години.

Игравме тешко во нападот против агресивната шпанска одбрана, во најголем дел од мечот, еден главен, и пресуден момент по која нашата јуниорска селекција го загуби мечот против еден од топ-фаворитите на овој турнир. Одличните дефанзивци максимално ги „покрија“ нашите водечки играчи, во поголем дел од средбата, што имаше и големо влијание“ на крајниот резултат.

Шпанската селекција поведе со (7:1), потоа и (10:3), и највисоки (14:6). Потоа, Величковски со тројка го сопре налетот на противникот, за (9:14), за првата четвртина фаворитот да ја реши со (16:10). Тројката на Мемед, го натера шпанскиот селектор по само две и пол минути игра од втората четвртина, да побара тајм-аут. Јасно и поради што, се доближивме на (16:18).

Фото: kfsm.mk

Тоа донесе резултат за Шпанците, отворија серија од (9:0) по која се одвоија на највисоки (27:16), по кои реагираше нашиот селектор, исто така со минута одмор. На средина од втората четвртина. Без ефект, затоа што противникот ја продолжи серијата, дојде до (29:16). Противничката одбрана беше сконцентрирана на нашите најдобри поентери, Наков и Митревски. Долго време бевме на бројката од 17 реализации. Ја промени Митревски, но Шпанија имаше убедливи (37:19) по 20.одиграни минути.

Во третиот дел од играта го поправивме нападот, одржувавме резултатска рамнотежа, но никако не успевавме негативата да ја сведеме на едноцифрена. По 30 минути од средбата во СРЦ „Кале“, Шпанците имаа сигурни 53:36. Обидите ги реализиравме во минута и пол од последниот дел, и серијата од девет поени по ред, дојдовме до минус 10, (45:55). Уште еднаш бевме на исто „растојание“ (49:59), на неполни пет минути пред крајот.

Поминаа уште две за да бидеме под магичната граница. На 2:20 минути до крајот имавме – 7, (55:62). На 1:08, разликата беше уште помала, (59:65). Мемед беше најефикасен во нашите редови со 18 поени, Хот додаде 11 поени и 17 скокови.

Фото: kfsm.mk

Петок е ден за одмор за сите шест селекции кои се дел од ФИБА турнирот за кошаркари „Под 18“ години, од групата „А“. Во четвртото коло кое е на програмата на 7 август, одново од 21.00 часот, ќе играме против селекцијата на Србија. Една од двете заедно со Шпанија, со максимален ефект (3-0). Македонија, Хрватска и Германија се на скор (1-2), Грузија е последна со три порази.

ФИБА ЧЕЛЕНЏЕР – СКОПЈЕ – ПОД 18-МАЖИ- ГРУПА „А“

РЕЗУЛТАТИ 3. КОЛО

Хрватска – Германија 69:75

Грузија – Србија 48:91

Македонија – Шпанија 62:69

ТАБЕЛА

1.Србија 3 3 0 268:208 6 бодови

2.Шпанија 3 3 0 217:169 6

3.Хрватска 3 1 2 259:238 4

4.Германија 3 1 2 218:244 4

5.Македонија3 1 2 208:243 4

6.Грузија 3 0 3 156:234 3

Идно, 4. коло (7 август)

15.00: Германија – Грузија

18.00: Шпанија – Хрватска

21.00: Србија – Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот