ФИА потврди: Двајца заразени во Формула 1

Фото: EPA-EFE/SRDJAN SUKI

Во петокот во Унгарија со слободните тренинзи започна третиот тркачки викенд во Формула 1 сезонава…Светската автомобилистичка федерација објави нови резултати од тестирањата на коронавирус.

За разлика претходните два тестирања кога никој не беше заразен, овојпат два теста беа позитивни.

Во периодот од 10-16 јули тестирани се вкупно 4997 луѓе, тестирани се возачи и членови на тимови, а двајца се позитивни.

Имињата на заразените, како ни тимовите од кои се, не се објавени. ФИА само информираше дека тие две лица не беа во Австрија на претходните две трки и тие со нив неа во близок контакт се во изолација.

Според програмата на Хунгароринг денеска е третиот слободен тренинг, а потоа и квалификациите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот