ФФМ започна со изградба на терен со вештачка трева во фудбалскиот комплекс во Струмица

Фудбалската федерација на Македонија во соработка со УЕФА преку хет-трик III програмата за подобрување на фудбалска инфраструктура започна со изградба на терен со вештачка трева (без полнење со вештачка гума) од најновите типови за ФК Академија Пандев.

ФФМ претходно потпиша договор со Општина Струмица и клубот Академија Пандев за целосна изградба на терен со вештачка трева, како дел од фудбалскиот комплекс во градот Струмица.

– Сите ние сме исклучително благодарни за посветеноста на Горан Пандев кон македонскиот фудбал, како и неговото вложување во младите таленти, академијата и придонесот во развојот на нашиот фудбал. Изградбата на терен со вештачка трева за потребите на Академија Пандев е еден вид признание од соработниците и институцијата која го води нашиот фудбал кон тоа што Горан и Академија Пандев инфарструктурно го изградија во Струмица. Инвестициите од овој тип се клучни за развојот на фудбалот, а ние во Фудбалската федерација на Македонија сме подготвени позитивните искуства да ги претвориме во долгорочна соработка со сите поврзани субјекти, во правец на создавање на услови за развој на фудбалот, почнувајќи од најмладите категории, па сѐ до професионалниот фудбал, изјави генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски.

Прочитајте и...  Јувентус го менува Дибала со ѕвезда на Ливерпул
фото: ФФМ

Во изминатиот период, ФФМ со средства од “Хет-трик” програмата на УЕФА го финансираше поставувањето на целосно нова тревна подлога (тревни бусени) со модерен дренажен и систем за наводнувањена стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп, а исто така, постави и целосно ново рефлекторско осветлување.

Во најскоро време, ФФМ ќе ја пушти во употреба новата трибина на стадионот во Чаир, потоа целосно ќе го заврши и новиот терен на стадионот на ФК Ренова во Џепчиште, а еден од важните проекти кој се очекува да се финализира е стадионот „под Тумбе кафе“ во Битола.

Во тек се градежни активности и изградба на нова трибина на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, а ФФМ минатата недела го претстави основниот проект за западната трибина на Градскиот стадион во Штип каде што е предвидено, новата западна трибина да има капацитет од 2.000 седишта, ВИП ложа и ресторан, простор за медиуми и за лица со инвалититет, а во подтрибинскиот простор соблекувални и простории за службени лица по стандардите на УЕФА и ФИФА.
Како дел од ФИФА ForwardI програмата во постапка е поставување на рефлекторско осветлување на стадионот во рамки на тренинг центарот „Петар Милошевски“ како би можеле да се одигруваат ноќни меѓународни натпревари согласно категорија 2 од регулативите на УЕФА.

Прочитајте и...  Гризман не знае да игра фудбал во Барселона

ФФМ во соработка со Општинските фудбалски Сојузи периодот, исто така, донираше повеќе од 12.000 столчиња за терените и стадионите низ државата.

Поврзани вести

ВИДЕО: ФФМ да иницира вклучување на ВАР технологијата во домашниот фудбал

Слободен печат

Мусовски блескаше на дербито на Лос Анџелес (ВИДЕО)

Слободен печат

Кулушески го спаси Јувентус од пораз, браќата Инсиње испишаа историја во Серија А (ВИДЕО)

Слободен печат

Варди му донесе прва победа на Лестер во Лондон по 47 години

Слободен печат

Други нека расправаат за тоа кој е најдобар тенисер во историјата…

Слободен печат

ВИДЕО: Мириса на местенка, дадоа два гола во судиското продолжение со само седум играчи на теренот?!

Слободен печат

Остави Коментар