ФФМ за натпреварот со Англија: Бидете порано на стадион, вратите ќе бидат затворени 30 минути пред почетокот

Фото: ФФМ

Македонката фудбалска репрезентација утре на Арената „Тодор Проески“ ќе ја пречека Англија во последното коло од квалификациите за Европското.

Македонија е без шанси за пласман, но гостувањето на една од најсилните светски репрезентации во овој момент беше причина стадионот да биде распродаден до последнот место.

Токму затоа денес од ФФМ информираа дека сите навивачи кои имаат купено билети за натпреварот мораат да бидат порано пред стадинот бидејќи вратите за влез ќе бидат затворени 30 минути пред почетокот. Средбата започнува во 20:45 минути.

Димитриевски: Лошо се чувствувам поради големиот број примени голови, мораме да сме повеќе фокусирани

Милевски: Учиме од секој натпревар, па и од тој на „Олд Трафорд“, кога имате млади играчи нормално да има осцилации

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот