ФФМ: Веројатно без Адеми против Грузија, повикан Тотре!

фото: ffm.mk

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми поради повреда многу веројатно ќе го пропушти натпреварот против Грузија на 12 ноември во Тбилиси за пласман на Европското првенство, информираат од Фудбалската федерација на Македонија.

Адеми заработи повреди во неделата на загревањето пред првенствениот меч на својот Динамо Загреб против Истра. Медицинските прегледи кој му беа направени од нашиот лекарски тим во Скопје потврдија дека Адеми има парцијална руптура на предната ложа.

Шансите да се опорави и да биде во конкуренција за настап за натпреварот во Грузија се минимални.

За што се бориме: Македонија брка историја, ривалите соочени и со воени и политички предизвици

Селекторот на националната А селекција Игор Ангеловски го повика Енур Тотре, а играчот од средниот ред на тетовска Шкендија веќе е приклучен на репрезентативниот тим за ноемвриските натпревари кои следуваат.

Денеска нашите најдобри фудбалерите ќе тренираат на тренинг центарот „Петар Милошевски“, а утре со чартер лет патуваат за Тбилиси. Натпреварот за пласман на ЕП 2020 ќе се игра в четврток од 18.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот