ФФМ: Вечер со која ќе се гордееме, благодарност до навивачите, репрезентацијата, селекторот, стручниот штаб…

Фото: ФФМ

Македонската фудбалска репрезентација вчера пред полн стадион ремизираше против Англија, а Фудбалската федерација денес изрази задоволство од тоа како поминале работите на теренот и околу него.

Според објавата на ФФМ на социјалните мрежи прекрасната фудбалска вечер поминала без ниту еден посериозен инцидент.

Почитувани навивачи и поддржувачи на македонската репрезентација,

Ви благодариме за поддршката.

Благодарност до нашите навивачи, нашата репрезентација, селекторот и стручниот штаб и сите вклучени во организацијата на натпреварот Македонија – Англија.

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини пред натпреварот најави дека сите ќе имаат можност да видат каква е репрезентацијата на Македонија и какви се нашите навивачи.

Беше во право, тоа беше вечер со која сите можеме да се гордееме!

Горди сме што за мечот Македонија – Англија беше продадена и последната достапна влезница, што покажува дека Федерацијата правилно ја утврди цената на билетите.

Исклучително сме среќни што прекрасната фудбалска вечер помина без ниту еден сериозен инцидент. Ние тврдевме дека Македонија може да биде земја без расизам, национализам, дискриминација, вербално и физичко насилство на стадионот, а тоа го потврдивте со вашето однесување на Националната арена „Тодор Проески“.

Ви благодараме!

Колку им значат полните трибини, нашите репрезентативци покажаа со одличен настап и важен резултат, а во своите изјави ја истакнаа важноста на навивачите.

Фудбалската федерација на Македонија им се заблагодарува на Министерството за внатрешни работи и на сите институции за сработеното пред, за време и по натпреварот. ФФМ доби максимална поддршка натпреварот да помине без безбедносни проблеми.

Благодариме на секој поединец што придонесе да биде таков“, стои во објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот