ФФМ со помош за погодените од земјотресот во Албанија

фото:ffm.mk

Првите луѓе на Фудбалските федерации на Албанија, Македонија и Косово се сретнаа во Драч. Се согласија да ги поддржат семејствата погодени од земјотресот.

Фудбалската федерација на Македонија и клубовите од МФЛ им дадоа поддршка на сите погодени од земјотресот што се случи во Албанија.

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини го посети Драч, градот во кој е роден и каде што живее неговиот колега, претседателот на Албанската фудбалска Асоцијација, Арманд Дука.

— Заедно со мојот колега, претседателот на Фудбалската федерација на Косово, Агим Адеми, бевме во Драч и регионот погоден од земјотресот каде што нè прими нашиот пријател, претседателот на Албанската фудбалска федерација, Арманд Дука.

Со голема тага за природна катастрофа, ние се приклучуваме на Фудбалската федерација на Албанија во намерата да им помогнеме на семејствата погодени од земјотресот. Заедно со нашите пријатели од фудбалската заедница преземаме обврска за обнова на три срушени куќи од земјотресот со цел да надокнадиме дел од штетите на семејствата погодени од природната непогода. Сочувство до сите семејства кои ги изгубиле своите најблиски и своите домови – Муамед Сејдини, претседател на ФФМ.

Голем број на спортисти и фудбалери од регионот изразија и ја покажаа својата солидарност со луѓето погодени од земјотресот и покренаа кампања за помош и поддршка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот