ФФМ: Рекордни 11 екипи се пријавија за УЕФА клупска лиценца

fkrabotnicki.com

Одделението за лиценцирање на ФФМ во тек на месец декември 2019 испрати покани до клубовите во Прва и Втора МФЛ за доставување на пријави за лиценцирање за натпреварувачка сезона 2020/21.

Согласно доставените пријави, следниве клубовите аплицираа за добивање на УЕФА лиценца која овозможува настап во натпреварувања во организација на УЕФА во сезона 2020/21:

1. ФК Академија Пандев – Струмица

2. ФК Борец 1919 – Велес

3. ФК Брегалница 2008 – Штип (Втора МФЛ Запад – четвртфиналист во Куп на РМ)

4. ФК Вардар – Скопје

5. ФК Македонија 1932 ЃП – Скопје

6. ФК Работнички – Скопје

7. ФК Ренова – с.Џепчиште

8. ФК Силекс – Кратово

9. ФК Струга Трим Лум – Струга

10. ФК Шкендија – Тетово

11. ФК Шкупи 1927 – Скопје

Оваа сезона рекордни 11 клубови се пријавија за добивање на УЕФА клубска лиценца за настап во едно од двете УЕФА натпреварувања.

Овие екипи во тек на периодот до 05 Мај 2020, а согласно ФФМ Правилникот за лиценцирање на клубови за учество во УЕФА натпреварувања, ќе го поминат процесот на лиценцирање за утврдување на исполнетост на критериуми врз основа на кој Комисијата за лиценцирање на ФФМ ќе донесе одлуки кои од клубовите ќе добијат УЕФА Лиценца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот