ФФМ поради големата автобуска несреќа ги одложи мечевите во Купот

ффм
За 1 декември се презакажани четвртфиналните натпревари во Купот на Македонија/Фото: ffm.mk

За в среда беа закажани четвртфиналните натпревари во Купот на Македонија, но истите се одложени поради големата автобуска несреќа која се случи во раните утрински часови во Р. Бугарија.

Дуелите требаше да се одиграат на 24 ноември со почеток од 13.00 часот, паровите се: Пелистер – Вардар, Силекс – Брегалница Штип, Шкендија – Струга Трим Љум и Македонија ЃП – Шкупи.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска ја информираше јавноста дека овие натпревари се презакажани за 1 декември. Титулата од минатата сезона во куп натпреварувањето ја брани екипата на Силекс од Кратово.

– Комисијата за натпреварување во Фудбалската федерација на Македонија го информира фудбалското семејство и клубовите од МФЛ дека по големата автобуска несреќа која се случи во раните утрински часови во Р. Бугарија, а во која животот го загубија наши граѓани, планираните четвртфинални натпревари од Купот на Македонија закажани за 24 ноември 2021 година се пренасочуваат за одигрување на 1 декември 2021 година со почеток во 13.00 часот – пренесуваат од ФФМ.

Видео на денот