ФФМ објави предлог ранг листа за ваучери: Шкендија и Шкупи со најмногу бодови

ффм
фото: ffm.mk

Фудбалската федерација на Македонија ја објави предлог ранг листата на фудбалски клубови доставена до централната комисија во рамки на Агенција за млади и спорт за доделување/добивање на ваучер за користење на средствата од даночното ослободување согласно Законот за спорт и Законот за данок на добивка за 2023 година.

Фудбалските клубови Шкендија и Шкупи 1927 имаат најмногу вкупно бодови по 230.

Следуваат Академија Пандев (225), ЖФК Скопје 2014 (220), по 195 бодови ФК Македонија ЃП 1932, ЖФК Тиверија и Струга Трим Лум.

Силекс има 193 бодови, КМФ Шкупи 1927 со 190, а по 185 ФК Работнички и КМФ Проект.

На следниот линк ТУКА можете да ја погледнете целосната предлог ранг листа за ваучер 2023.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот