ФФМ: Направена е проценка, Македонија во јуни против Косово!

фото: ffm.mk

– Поместувањето на Евро 2020 ќе претставува огромен трошок за УЕФА – вели првиот човек на европскиот фудбал, Александер Чеферин.

Поради епидемијата на коронавирусот, како што беше и претходно најавено, беше одржана видео конференција на УЕФА и раководствата на 55 членки на Европската фудбалска Асоцијација, а меѓу кои и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Приоритет се дава на завршување на домашните натпреварувања во солидарниот потег на УЕФА кој е без преседан. Воспоставени се работни групи за испитување на можностите за натпреварувањата во УЕФА Лига на Шампиони и Лига Европа за оваа сезона.

Како што е веќе познато, официјално денеска од европската куќа на фудбалот беше објавено одложувањето на своето најголемо репрезентативно натпреварување, УЕФА Евро 2020, кое требаше да се одигра во јуни и јули оваа година.

Здравјето на сите вклучени во играта е приоритетно, како и избегнување непотребен притисок на националните јавни институции вклучени во организација на натпреварите. Ова одложување ќе помогне да се завршат сите домашни натпреварувања кои се моментално во прекин заради кризата со КОВИД-19.

Сите УЕФА натпреварувања и натпревари (вклучувајќи ги и пријателските) за репрезентации и клубови ќе бидат во прекин до следната објава.

фото: фФМ

Баражите за УЕФА Евро 2020 и меѓународните пријателски натпревари кои беа закажани за крајот на март ќе се одиграат во терминот за меѓународни натпревари на почетокот на јуни – по направена проценка на ситуацијата.

ФФМ барем како што засега најавува, Македонија на почетокот на јуни ќе се бори за место на Европското првенство. Во полуфиналето од Лигата на нации на Националната арена „Тодор Проески“ ќе го пречека Косово, а доколку триумфираме во финалето ќе гостуваме кај Грузија или Белорусија.

Одлуките за одигрување на останатите УЕФА натпреварувања (клупски, репрезентативни, мажи и жени) ќе бидат навремено донесени и објавени.

– Здравјето на навивачите, персоналот и играчите мора да биде наш врвен приоритет и во таков дух УЕФА наведе повеќе можности за натпреварувањата од оваа сезона да завршат безбедно, и се гордеам со одговорот на моите колеги од европскиот фудбал. Се почувствува вистински дух на соработка, каде сите се согласија дека треба нешто да се жртвува за да се постигне најдобриот резултат.

Особено беше важно УЕФА да го води овој процес како водечко тело на европскиот фудбал, а со тоа и да ја направи најголемата жртва. Поместувањето на Евро 2020 ќе претставува огромен трошок за УЕФА – вели претседателот на УЕФА, Александер Чеферин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот