ФФМ ги прогласува најдобрите во македонскиот фудбал

Фото: ffm.mk

Фудбалската федерација на Македонија на гала манифестација во Македонскиот Народен Театар (МНТ) вечерва од 19:00 часот ќе ги додели наградите и признанијата за најдобрите во македонскиот фудбал за сезоната 2018/2019.

Номинирани за најдобар фудбалер во МФЛ се Владица Брдаровски (Вардар), Висар Муслиу (Шкендија) и Љупчо Дориев (Академија Пандев), додека, номирани за најдобар тренер во МФЛ се Ќатип Османи (Шкендија), Југослав Тренчовски (Академија Пандев) и Александар Васоски (Вардар).

Воедно ќе бидат прогласени и најдобрите во младински и женски фудбал, потоа најдобриот тренер и играч во футсал, најдобар стрелец во МФЛ, а ќе им се доделат и признанија на истакнати фудбалски работници за придонес во развојот на македонскиот фудбал.

Секако, на манифестацијата ќе биде доделена наградата и за најдобриот македонски репрезент во странство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот