ФФМ ги објави цените на билетите за натпреварите во Букурешт и Амстердам

Преку програмата на УЕФА, ФФМ инвестира во подобрување на инфраструктурата на стадионите во Македонија/Фото: ffm.mk

Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека поддржувачите на македонската А репрезентација кои сакаат да ја бодрат нашата селекција на натпреварите од Европското првенство можат да се пријавуваат за купување на билети за мечевите од ЕП преку ФФМ.

Заинтересираните поддржувачи на македонската репрезентација за купување билети за натпреварите од Евро 2020 може да аплицираат за билети за мечевите на Македонија до 25 мај до 23.30 часот.

Преку електронска најава (име и презиме, натпревар(и) од ЕУРО 2020 заинтересирани да го следите и број на билети) испратени на e-mail адресата [email protected], најпрвин се пријавуваат заинтересираните навивачи за купување билети, а доколку има можност барањето да се одобри, на e-mail адресата од која е испратено барањето добивате посебен код за пристап на платформата на УЕФА за продажба на билети за ЕП.

Специјалниот код за пристап и добивање можност за купување на билети за натпреварите на македонската репрезентација од Европското првенство е ограничен со можност за купување на два или најмногу четири билети за натпреварите од групата на Македонија од ЕП.

Сите билети кои Фудбалската федерација на Македонија има можност да ги понуди за продажба на македонските навивачи се од категорија 3.

Цената на чинење на еден билет изнесува 30 евра за натпревар во Букурешт (каде играме против Австрија и Украина), односно 50 евра за третиот последен натпревар од групата против Холандија во Амстердам.

ФОТО: Пуштени во продажба билетите за Македонија на Европското првенство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот