ФФМ да го почитува Законот за спорт

Клубови од првата и втората македонска фудбалска лига, поранешни судии и фудбалери како дел од Иницијативниот Одбор побара Законот за Спорт да биде имплементиран во работата на Фудбалската федерација на Македонија што значи и поголемо учество на клубовите во работата на Федерацијата.

– Сведоци сме во последно време на негодувања дека Статутот на ФФМ не е во согласност со Законот за спорт кој предвидува директно вклучување на клубовите во работата и одлучувањето на федерацијата. Ние сме тука затоа што сме загрижени поради тоа што оние кои инвестираат, вложуваат во фудбалот, а тоа се клубовите, немаат право да учествуваат и одлучуваат. Затоа ги повикуваме надлежните во државата доследно да го спроведат Законот за спорт и во ФФМ – изјави Игор Климпер, поранешен генерален секретар на ФФМ.

Иницијативата има поддршка и од поранешни репрезентативци.
– Тука сум во име на фудбалерите, на бивши и моментални репрезентативци, играчи во лигите. Сите сакаме ФФМ да работи на вистински начин, да бидат инволвирани луѓе во светот на фудбалот, а не да работат луѓе што немаат ништо лично со фудбалот. Ние ја поддржуваме оваа иницијатива – рече Бобан Грнчаров, поранешен македонски репрезентативец.

Иницијативата за промени во работата на ФФМ е подржана од 15 екипи од првата и втората лига: Победа, Брегалница Штип, Работнички, Беласица, Пелистер, Академија Пандев, Детонит јуниор, Кожув, Тиквеш, Плачковица, Каменица, Вардар Неготино, Скопје, Партизан и Борец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот