ФФМ: Чудесна, чудесна одбојкарска Македонија!

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Доаѓаат честитки од сите страни по повод пласманот на одбојкарската репрезентација на Македонија на Европското првенство.

После големиот триумф над Турција (3:1), нашите најдобри одбојкари го обезбедија својот втор настап на континенталните собири. Со јубилејната 70 победа во официјалните 152 натпревари, повторно сме во во престижното друштво.

Ние сме најдобро второпласирани од три завршени групи досега, така што не постои теорија која би попречила да играме годинава на ЕП кое ќе се одржи во четири земји: Полска, Чешка, Естонија и Финска.

Честитка дојде и од Фудбалската федерација на Македонија:

– Чудесна, чудесна одбојкарска Македонија! Благодарност за насмевките кои ни ги донесовте. Инспирација и оптимизам. Честитки за новото Европско првенство – стои во пораката на ФФМ.

Љафтов: Покажавме кои сме и што сме

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот