Фезер: Германија ги прифати украинските бегалци подобро од оние од 2015 година

Украински бегалци/ Фото EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Германија направи подобра работа со прифаќањето на украинските бегалци отколку со прифаќањето бегалци од Сирија разурната од војна во 2015 година, изјави денеска министерката за внатрешни работи Ненси Фезер.

„Германија прифати повеќе од 850.000 луѓе од Украина, главно жени и деца, од почетокот на руската инвазија на таа земја на 24 февруари, рече таа.

Германија се најде на удар на критики затоа што постапува со европските бегалци поинаку од оние кои бегаат од конфликтите на Блискиот Исток или доаѓаат од уште поисточните подрачја.

„Направивме многу работи многу подобро отколку во претходниот голем прилив на бегалци во 2015 година”, рече Фезер, додавајќи дека „неверојатен број граѓани се приклучија на напорите на владата да им помогне на овие луѓе”.

Таа го нарече „историски успех” „брзиот и небирократски” прием на бегалците од Украина, од страна на европски земји.

„Ова е големо достигнување кое не беше лесно да се постигне”, истакна министерката.

„Германија и Европа преземаат дополнителни чекори за прифаќање бегалци од други области, што е во согласност со нивната хуманитарна одговорност. Во Германија тоа значи дека на новодојдените им се овозможува пристап до бесплатни курсеви за интеграција, рече Фезер, нагласувајќи ја важноста од запознавањето со германските вредности и јазик за оние кои привремено ќе останат во таа земја.

Таа посочи дека оваа можност им била дадена и на Авганистанците кои побегнале во Германија откако талибанците ја презедоа власта во таа земја.

Според неа, владата планира нов пристап во обезбедувањето „безбедна перспектива” на луѓето кои биле доволно долго во Германија за да се интегрираат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот