Февруарска плата сѐ уште не добиле 9.947 работници, а мартовска – 54.662

Денари
Денари / Фото: МИА

За февруари сѐ уште плата немаат исплатено 3.784 фирми за 9.947 работници, а до законскиот рок-15 април, мартовска плата немаат исплатено 14.998 фирми за 54.662 работници, рече директорката на УЈП Сања Лукаревка.

– Поради тоа што мерката за помош на плата сѐ уште не е реализирана, УЈП нема присилни наплати за февруари, а за март не се пратени опомени, рече Лукаревска.

Во однос на компаниите што направиле злоупотреба на државната помош за декември во тек се конторли, а потоа списокот јавно ќе се објави.

– Постојано сме во конатакт со Трудовиот инспекторат и секој посаталува во рамките на својата надлежност, а во контакти сме и со јавното обвинителство, рече Лукаревска.

Таа објасни дека по сите преземени мерки , намален е бројот на фирми што земале, а неисплатиле плата, но сепак вкупниот број на фирми кои за некој месец не исплатиле плата, покрај земената помош е 124 фирми кои не дале плати на своите 371 работник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот