Фетел: Ова не е детска градинка, оставете не да се тркаме – Слободен печат
ОстанатoСпорт

Фетел: Ова не е детска градинка, оставете не да се тркаме

Возачот на Ферари изјави дека уживаше во трката за ГН на Австрија и на карактеристичен начин го прокоментира инцидентот кој го одлучи победникот.

Себастијан Фетел конечно по подолга пауза имаше одлична трка, стартуваше од деветтата позиција на крајот заврши како четврти и притоа успеа да го претекне големиот конкурент, Луис Хамилтон од Мерцедес.

– Беше навистина забавно,уживав во дуелите на патеката и се обидував да го извлечам максимумот од болидот. Не сум среќен поради тимот бидејќи Ферари заслужува да има двајца возачи на подиумот – изјави Фетел кој потоа на карактеристичен начин го прокоментира инцидентот помеѓу неговиот клупски колега Шарл Леклер и Макс Ферстапен, кој го одлучи победникот. Стјуардите на патеката веднаш по трката најавија дека ќе го прегледаат инцидентот и можно е трката да има поинаков исход.

– Што мислите дека ќе кажам сега? Нормално дека не сакам да има казни, не видов што се случи, а доколку не беше фер, тогаш не е фер. Но не ми се допаѓа тоа што за нас одлучува некој кој седи во фотелја, ние не сме детска градинка, нека не остават на мир –рече Фетел.

Свој коментар за инцидентот на три круга до крајот, имаше и победникот, Макс Ферстапен, кој втора година по ред триумфира на „Ред Бул ринг“ патеката во Австрија.

– Ова е вистинско тркање, инаку би требало да останеме дома. Доколку  ова не дозволено, тогаш не гледам зашто би останале во Формула 1 – рече Ферстапен.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close