Фетел: Направив грешка и тоа морам да го прифатам

EPA-EFE/SRDJAN SUKI

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел на трката за големата награда на Бахреин повторно при дуел со Луис Хамилтон направи почетничка грешка која го чинеше пласман на победничкиот подиум. Фетел и Хамилтон беа во битка за второто место кога возачот на Мерцедес од надворешната страна од патеката го мина Фетел, кој веднаш потоа се изврте, по што загуби скапоцено време, а на патот до пит-стопот му отпадна и предното крило.

На крајот од трката, како победник излезе Хамилтон, Фетел заврши на петтото место, додека неговиот клупски колега Шарл Леклер исто така имаше проблеми со болидот но заврши како третопласиран.

Токму поради грешката, Фетел се најде на удар на медиумите, навивачите и на експертите кои сметаат дека тој не може да се носи со притисокот од дуелите со Хамилтон. Возачот на Ферари и во минатата сезона направи неколку почетнички грешки со кои му го отвори патот до титулата на Хамилтон.

– Искрено, мислам дека мојата грешка немаше никаква врска со притисокот. Се изненадив кога ја загубив левата гума, а кога се извртев веќе беше предоцна. Погрешив и тоа морам да го прифатам. Во текот на вртењето левата гума ми се распадна, а освен тоа имаше многу вибрации, а потоа ми се оштети предното крило – изјави Фетел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот