Фетел: Хамилтон си игра со нас

EPA-EFE/SRDJAN SUKI

Екипата на Мерцедес и нејзините возачи, Луис Хамилтон и Валтери Ботас доминираат во Формула 1 шампионатот и досега славеа на сите осум трки. Хамилтон победи на шест трки, додека Ботас славеше на две, а потврда за доминацијата на Мерцедес е тоа што дура на шест трки издвојуваа еден-два победа.

Главниот конкурент на возачите на Мерцедес, Себастијан Фетел од Ферари уште сега е свесен дека не може да биде конкурент на Хамилтон.

– На последната трка во Франција, ризикував се за да го извозам најбрзиот круг, додека Хамилтон оствари идентично време со истрошени гуми. Време и да престанеме да се лажеме и да признаеме , Луис Хамилтон си игра со нас – вели Фетел.

Хамилтон е лидер во генералниот пласман со 187 бодови, 36 повеќе од клупскиот колега, Валтери Ботас, додека Фетел е на третото место со 111 бодови. Наредната трка треба да се вози наредниот викенд во Австрија, на патеката Ред Бул ринг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот