Фетел го избра новиот тим

EPA-EFE/SRDJAN SUKI

Себастијан Фетел ќе ја одработи последната сезона од договорот со Ферари и потоа ќе си замине од тимот. Според „Марка“, Германецот од 2021 година ќе вози за тимот на Мекларен.

Четирикратниот Ф1 шампион веќе остварил средба со Андреас Сеидл, спортскиот директор на Мекларен со кого соработуваше додека возеше за Заубер. Фетел одлучил да ја прифати понудата на Мекларен кој во последните неколку сезони има се подобри резултати.

Во тимот на Ферари не постои расположение да му понудат нов договор на Фетел поради слабите резултати во последните две сезони во кои доминираше Луис Хамилтон, за кого се очекува да го наследи Германецот во италијанскиот тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот