Фетаи: Соопштението од Апелација е напаѓачко, а се знае дека нападот е најдобра одбрана

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

На новинарско прашање обвинителката Фатиме Фетаи пред Основниот кривичен суд ја коментираше одлуката од Апелациониот суд за уникувањето на пресудата за „Титаник 2“, со која се укинува затворската казна за Сашо Мијалков, Мендух Тачи и Бедрадин Ибраими.

-Одлуката сè уште ја немаме добиено, меѓутоа можам да го коментирам само соопштението, прилично е напаѓачко а се знае дека нападот е надојбра одбрана- рече обвинителката Фетаи, пред Основниот кривичен суд во Скопје.

Апелациониот суд Скопје ги уважи жалбите на обвинетите во случајот „Титаник 2″, изјавени преку нивните бранители, со што ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување.

Одлуката е донесена на јавна седница одржана на ден 04.11.2019 година, а се однесува на изборните нерегуларности на локалните избори во 2013 година,

Основниот кривичен суд во Скопје на 8 март 2019 година на обвинетите им изрече вкупно 19 години и осум месеци казна затвор.

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков доби казна затвор од три години, исто толку добија и Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев, лидерот на ДПА, Мендух Тачи доби три години и два месеца, а највисока од четири години и шест месеци му е изречена на Бедредин Ибраими.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот