Фетаи: Момчињата и рибарот се убиени кај Смилковско Езеро, се друго е научна фантастика

Денеска во судница, обвинителката Фатиме Фетаи во својот завршен збор за случајот „Монструм“ потврди дека четирите момчињата и рибарот се убиени кај Смилковското Езеро.

Финале во случајот „Монструм”: Рочиште за завршни зборови на странките

Со ова таа ја отфрли шпекулацијата дека наводно биле убиени на друга локација, па потоа биле донесени кај езерото. Фетаи нагласи дека масакарот се случил на таа локација, за тоа укажувале сите пронајдените траги, локвите од крв, пронајдените чаури и проектили.

-Според науката и според објективните докази најдени на местото на настанот, се укажува дека петкратното убиство се случило на местото каде што беа и пронајдени телата, се останато е научна фантастика – истакна обвинителката Фетаи.

Обвинителката посочи во детали во каква положба биле пронајдени тела, од која близина било пукано и со какво оружје и ја отфрли шпекулацијата дека наводно возилото „опел омега“ со кое се возеле извршителите му припаѓало на полициска единица „Алфите“.

-Самите обвинители од СЈО имаа можност да го видат загрозениот сведок, а таква можност имаше и судечкиот судија. Тој постои и не е инструиран. Да беше инструиран ќе требаше да даде многу појасен исказ, со јасен опис на извршителите. Имаше нејаснотии, имаше празнини, а и помеша дел од обвинетите со лица кои не се меѓу обвинетите. Вакви работи немаше да има доколку бил научен од некого да зборува. Овој дел го потенцирам за да се демантира тврдењето на одбраната дека целот настан е монтиран. Се шпекулираше дека имале честа дружба, и дека поради тоа биле ликвидирани. До овој момент ниту беше предложен доказ, но ниту имаше индиции дека децата се познавале со деца на функционери, и дека наводно имале нерасчистени сметки, поради кои наводно биле лишени од живот, истакна Фетаи.

„За нога допрев едно од момчињата. Немаше пулс“ – потресно сведочење на полицаец за масакрот кај Смилковско езеро

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот