Фетаи бара затворска казна за Груевски и Јанакиески обвинети во „Шамари во Центар“

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Четири години беа доволни за спротивставувања на аргументите во постапката. Два пати започнувавме од почеток. Сметам дека тоа што судот го изведе како доказ е повеќе од потребно. Присуствувавме на една фер постапка. Целата јавност ги видоа насилничките дивеења во Општина Центар. Процесот на времето во СЈО започна по снимен телефонски разговот меѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски.

Во тој разговор Груевски доаѓа до идеја тогашниот градоначалник на Центар кој им правел нив проблеми со ДУП-от, да “изеде” неколку шамари. Потоа Груевски му дава инструкции на Јанакиески како да се направи испад пред Општина Центар, рече во завршниот збор во случајот “Шамари во Центар” обвинителка Фатиме Фетаи.

Обвинителкат Фетаи нагласи дека бара затворски казни за обвинетите Никола Груевски и Миле Јанакиески. Фетаи од судот исто така побара за обвинетиот Игор Бошковски условна казна. Таа забележа дека целата одбрана на обвинетите била насочена кон тоа да се докаже дека Груевски и Јанакиески не се виновни.

Адвокатот на Никола Груевски во својот завршен збор истакна обвинителството во текот на судскиот процес не успеало да докаже одговорност за неговиот клиент и побара од судот да биде донесена ослободителна пресуда.

Еленко Миланов адвокат на обвинетиот Миле Јанакиески рече дека има против што јавниот обвинител денеска настапил со нов обвинителен акт.

Случајот го води судијата Душко Јосифовски, а застапници на обвинението се Гаврил Бубевски и Фатиме Фетаи.

Како обвинети за насилство во случајот беа опфатени неколку лица, од кои првообвинет е поранешниот премиер Никола Груевски, кому му се суди во отсуство, а второобвинет е ексминистерот Миле Јанакиески. Помеѓу обвинетите беше и поранешната пратеничка и советничка во Општина Центар, Даниела Рангелова.

Тие се обвинети за поттикнување и организирање на насилните протести пред просториите на Општината летото 2013 кои, според обвинителството, биле организирани со образложение дека се против наводно запирање на изградбата на црквата „Свети Константин и Елена“ на улица „Македонија“, а всушност причината била да се спречи седница на Советот на Општина Центар на која требало да се променат деталните урбанистички планови, меѓу кои и оној за „Мал ринг“. Во тој период локалната власт во Центар ја имаа СДСМ и коалицијата, а градоначалник беше Андреј Жерновски. Во овој случај веќе има три пресуди.

Осуден е Мирко Пецев кому му се судеше во одвоена постапка, но и двајца советници во Центар од ВМРО-ДПМНЕ од 2013 година кои признаа вина и добија условни казни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот