Фестивалот „One love tour“ со „Некст Тајм“, Џамбо Ангушев и Слаткаристика

Фестивалот „One love tour“ ќе започне во Банско на 20 јули, а потоа ќе се одржува во Струмица на 15 август, во Крива Паланка на 25 август, во Бургас на 7 септември, Варна на 14 септември, Скопје на 21 септември и ќе заврши во Стара Загора на 5 октoмври, беше соопштено на денешната прес-конференција во Софија.

Организаторите нагласија дека навистина е тешко да се организира фестивал каде влезот е бесплатен, напоменувајќи дека вложиле многу труд и посветеност, за трета година по ред да се одржува „One love tour“.

Тие истакнаа дека Северна Македонија и Бугарија се едни од најблиските балкански држави, не само преку заедничката традиција, туку и поради изградените братски мостови на соработка и соживот.

– Навистина многу се трудиме овој фестивал да функционира веќе трета година по ред и сакам да испратам голема благодарност до сите за големата поддршка. Минатата година, отворањето на фестивалот беше во Скопје, за што сум многу горда, а оваа година најголемиот настан е предвиден да се одржи во Струмица. Новитет оваа година е додавањето на градот Крива Паланка на фестивалската мапа. Освен големите македонски ѕвезди „Некст Тајм“, Џамбо Ангушев и Слаткаристика, новитет оваа година се младите момци од „Два Бона“ и јутјуберите ЏП и Стефонатор, наведе Сања Николиќ Маринковиќ, организатор од Северна Македонија.

Еден од изведувачите на фестивалот, Марко Мариновиќ, познат како Слаткар, наведе дека една од најважните работи на фестивалот и турнејата се остварените дуети.

– Се радувам дека имаме видливи резултати и се повеќе македонски артисти прават музика со бугарски артисти, доаѓа тој успех што сме го замислиле на самиот старт и се надевам дека ќе има се повеќе уметници кои заеднички ќе креираат од нашите земји, потенцираше Марковиќ.

Браќата од „Некст тајм“ изразија благодарност што повторно се поканети да настапат на фестивалот.

– Навистина е слична македонската и бугарската публика и ветуваме дека ќе дадеме позитивна енергија и ќе се претставиме во добро издание пред вас. Тука сме и да го најавиме нашиот дует со Графа за кој сме сигурни дека ќе ве остави без зборови, изјави Мартин од „Некст Тајм“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот