Фестивалот на краток филм „Филмај“ ги објави добитниците на наградите

Фото-кино клуб „Козјак“ – Куманово ги објави добитниците на наградите од конкурсот на фестивалот на кратoк филм „Филмај“ 2022 во Куманово, соопштија од клубот.

Наградите се поделени во неколку категории: наградата „Лазар Ѓорѓевиќ“ за најдобра режија ја доби Самир Карахода за режијата на филмот „Изместено“ (Косово), наградата „Радислав Ристевски“ за најдобра фотографија/кинематографија е доделена на Владимир Самоиловски за неговата работа во филмот „Северен Пол“ (Македонија), наградата „Козјак“ за најдобро сценарио ја доби Фотис Зампетакис за филмот „Ангелос на Божиќ“ (Грција) и наградата за најдобар македонски филм е доделена на „Обичната Ели“, краток филм на режисерката Лавинија Софрониевска.

Новосоздадената награда за најдобар краток филм „Филмај“ е доделена на „Сама“ (Хрватска), во режија на Борна Зидариќ, според заедничка одлука на членови на фото-кино клуб „Козјак“ – Куманово.

Жирито го сочинуваа сценаристите и режисери Сезер Салихи и Косара Митиќ, како и Филип Илиевски, член на фото-кино клуб „Козјак“ – Куманово. Од „Козјак“ додадоа дека дополнително ќе ја објават целата листа со официјално селектирани филмови што ќе бидат прикажани на фестивалската вечер предвидена за 2 јуни 2022 во Куманово.

(Текстот е објавен во ТВ и Филмски печат на 13 мај 2022 во весникот „Слободен печат“)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот