Фестивалот МакеДокс направи мрежа со три други фестивали за документарен филм

Филмските фестивали ДОК.фест Минхен (Минхен, Германија), ДоксБарселона (Шпанија), МакеДокс (Скопје, Северна Македонија) и ФИПАДОК (Биариц, Франција) ја најавија новоформираната мрежа ФестДоксНетворк.

Партнерството меѓу овие четири клучни фестивали за документарни филмови е резултат на заедничката цел за поддршка и промоција на исклучителните креативни документарни филмови, како и зголемување на нивната достапност кон што поголема публика.

– Нам ни е најважно тоа што документарците кои ги имаме во програмите на сите наши фестивали добиваат шанса да бидат видени. Четирите фестивали си ги здружуваат силите, експертизата и срцата за да осигураат далекусежна видливост на документарните филмови. Кризата која сега ја искусуваме ни дава прилика да си потврдиме дека заедничкото работење е незаменливо, стои во заедничката изјава на ФестДоксНетворк.

Прочитајте и...  Николовски: Публиката ќе мора да усвои нова етика на однесување (ВИДЕО)

Во иднина, четирите фестивали ќе се поддржуваат меѓусебно при селектирање филмови од нивните земји за фестивалските програми. Исто така, тие ќе организираат посети на клучни експерти од индустријата од секоја земја на фестивалите.

ФестДоксНетворк е промовирана за време на фестивалот ДОК.фест Минхен, кој онлајн се одржува од 06 до 24 мај. За време на фестивалот ДоксБарселона Фестивал Онлајн, од 19 до 31 мај, ќе се објават дополнителни информации и повеќе детали околу партнерството.

– Преку мрежата МакеДокс ќе овозможи претставување на локалната и регионалната документаристика на програмите на овие филмски фестивали, како и пристап за проектите од Балканот на филмските маркети на фестивалите членки на мрежата, велат од МакеДокс.

Прочитај повеќе

Агенцијата за филм го поддржа објективното новинарство, но ќе се спротивстави на нарачаните медиумски хајки каде позадината е личен интерес

Слободен печат

Николовски: Публиката ќе мора да усвои нова етика на однесување (ВИДЕО)

Слободен печат

Разговор со Даница Стојанова, селекторка на музичката програма на Фестивалот „Охридско лето“: Концерт на Жељко Јоксимовиќ нема да има

Кристина Апостолова

Кумановскиот Центар за култура започнува настани на отворено (ВИДЕО)

Слободен печат

Агенција за филм: Сметало некому или не, работиме транспарентно, правно и праведно и така и ќе продолжиме

Слободен печат

Маја Чанкуловска: Заштитните марами со дела од збирката на Националната галерија станаа хит (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Халкбанк откупи 300 билети од МНТ во знак на поддршка за културата

Слободен печат.

Транспаренси Интернешнел Македонија до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава во врска со незаконските исплати од Агенцијата за филм

Слободен печат

Јована Јаневска: Младите треба повеќе да знаат за современата македонската литература (ВИДЕО)

Слободен печат

Отворање на нов независен Театар „Златен елец“ во Скопје

Слободен печат

Ристески: Ако сакаат да успеат, македонските филмаџии мора да играат по правилата на европската кинематографија (ВИДЕО)

Слободен печат

Макс фон Сидов: Екстремно моќно и неверојатно едноставно

Слободен печат