Фестивалот Коачела сепак ќе го слави 20. роденден: Сите сме повикани (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Поради коронавирусот, еден од најпопуларните музички фестивали на светот, Коачела, преместен е за во октомври, но за фановите да не останат потполно разочарани, организаторите одлучија на 10 април на Јутјуб да пуштат документарец под назив – „Coachella: 20 years in the desert“.

Низ филмот ќе можеме да видиме многу имиња кои настапуваа на фестивалот во минатото, но и историски моменти како настапот на холограмот на Тупак, или легенданиот настап на Бијонсе за кој се зборуваше со недели потоа.

Во филмот исто така ќе се појават легендарните „AC/DC“, како и Мадона, Били Ајлиш, Пост Малоун, дури и Барак Обама, кој ја спомена Коачела од Белата куќа, истакнувајќи ја неговата важност.

„Останете дома. Зголемете го тонот. Ќе ви ја донесеме пустината дома и ќе се присетите на претходните 20 години, уметниците и настапите кои ја изградија Коачела“, порачаа организаторите на фестивалот на Твитер.

Погледнете го трејлерот, а целиот филм ќе можете да го гледате на 10 април на Јутјуб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот