Фестивалот „Џифони патува“ во Кавадарци на 19 и 20 јуни

Фестивалот Џифони Македонија продолжува да патува низ нашата земја. Кавадарци е шеснаесетта општина каде на 19 и 20 јуни ќе се одржи Филмскиот фестивал за млади „Џифони патува во Кавадарци“ во Домот на култура “Иван Мазов – Климе“.

„Џифони патува” е проект наменет за младите од нашата земја, кој преку ширење на идеите на најголемиот фестивал за млади во светот „Џифони Експириенс” од Италија и активно ги вклучува на младите вљубеници во филмот и културата.

Во текот на двата дена младите учесници ќе го гледаат филмови и ќе дискутираат за темите на филмовите со актерот Роберт Ристов кој ќе биде ментор на актерската работилница. Младите од Кавадарци ќе ја развиваат својата креативност и преку работилница за фотографија под менторство на професорот Роберт Јанкулоски, а ликовната работилница ќе ја води Моника Мотеска.

Фестивалската програма „Џифони патува“ во Кавадарци се одржува со финансиска поддршка на Агенцијата за филм и Фестивалот „Џифони експириенс“ од Италија, во соработка со Општина Кавадарци, Домот на култура “Иван Мазов – Климе“ и Италијанската амбасада во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот