Фестивалот „Актерот на Европа“ – Хит во португалските медиуми

Фото: Принтскрин

Меѓународниот театарски фестивал „Актерот на Европа“, што годинава се одржа по 17-ти пат во Ресен предизвика огромно внимание во културната и општествена јавност не само во регионот на Балканот туку и пошироко во Европа. Многубројните реакации во медиумите во Португалија, по повод доделувањето  на наградата „Актер на Европа 2019“ за животно дело на легендарната португалска актерка и режисер Марија до Сеу Гера, не стивнуваат во овие денови после завршетокот на оваа по многу нешта единствена манифестација.

По честитката од страна на министерката за култура на Поругалија Граса Фонсека, во која се истакнува уметничката одисеја на Марија до Сеу Гера е симбол на модерните вредности на португалската театарска и филмска стварност, честитка упати и претседателот на Португалија Марсело Ребело де Суза, подвлекувајќи ја историската улога на Марија до Сеу Гера во афирмацијата на потугалските сценски уметности во светот.

Посебно внимание во во португалската јавност предизвика портретот во најсариот португалски вескик за култура Жорнал де Летрас, потпишан од едно од најугледните имиња на интелектуалната плејада,  Патриција Портела, со наслов „Марија до Сеу Гера – бесмртноста на нашата надеж“.

Водечките дневни весници и електронски медиуми ја цитираат и беседата на Јордан Плевнеш за време на церемонијата на прогласувањето во Сарајот во Ресен, низ уметничките трансферзали  на поврзувањето на португаласките и македонските духовни врски низ вековите.

Истакнатиот француски театарски деец Жорж Бани, претседател  на Светската асоцијација на театрски критичари, во списанието на Институтот за театар на Сорбона  напиша дека фестивалот е уникатен по својата идеја да ја валоризира индивидуалната театарска одисеја на своите протагонисти како градители на европската цивилизација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот