ФЕСТИВАЛ за женско творештво: Поетска визура на положбата на жената на Балканот

Првиот фестивал за женско творештво „И литературата има женско лице“, под мотото „Тие“ во организација на Ребека Чиловиќ, се одржа од 6 до 8 март во Беране, Црна Гора.

Претставник од Македонија беше поетесата Снежана Стојчевска, која покрај претставувањето на својата поезија на свеченото отворање на фестивалот, учествувала и на панел-дискусијата на тема: Родово читање на филмот „Убавината на порокот“ од режисерот Живко Николиќ. На дискусијата учествувале и активистката Ајша Хаџибеговиќ и професорката по книжевност Љерка Петковиќ.

– Овој култен црногорски филм на Николиќ со сета негова симболика беше искористен како визура преку која се дискутираше за положбата на жените во црногорското општество, па и пошироко на Балканот, објасни Стојчевска.

На панел-дискусијата Стојчевска зборувала не само од аспект на поетеса, туку и како координатор на продукција во „Квазар Филм“, но и како жена и мајка. Минатата година Стојчевска ја промовираше својата петта книга со наслов „Ќе се завијам во песни“. Стиховите во збирката се посветени на нејзиниот починат татко Мирче Стојчевски.

Претходно ги објави стихозбирките „Шеќер по подот“ (2012, Или-Или), „Под нулата“ (2013, награда „Бели мугри“), „Модри фантазии“ (2015, Темплум) и „Треба да е лесно“ (2017, Антолог).

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 23, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 21-22 март 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот