Фестивал за обнова на Дом на Култура-Ченто

Здружението Културно Ехо во недела (19 мај 2019 година) со почеток во 10.30 часот во паркот Методија Андонов Ченто организира еднодневен културно-едукативен настан со цел да покрене иницијатива за обнова на напуштениот Дом на културата во населба Ченто, преку вклучување на локалната власт, граѓанските организации, уметниците и локалните жители.

Програма:

од 10.30 до 12.30 – Еко акција за расчистување на внатрешноста на руинираниот Дом на култура 11 Октомври во Ченто и симболично метење на театарската сцена.

13.00 – Парк Методија Андонов Ченто – Панел дискусија : Kако од напуштен објект до мултифункционален и самоoдржлив културно-едукативен простор, надвор од центарот на градот?

Музичка Програма – Парк Методија Андонов Ченто
15.00- Drums & Percussion Дамјан Грујо
16.00 – Man In a Suit – Куманово
17.30 – DJ сет на Ненад Стефановски од Foolish Green – Скопје

Настанот е бесплатен и е поддржан од Град Скопје и Општина Гази Баба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот