Фестивал за книжевност: Онлајн учество на Наташа Сарџоска на „Болоња ин летере“

Поетското творештво на Наташа Сарџоска, како и најновата поетска книга „Крстна коска“ објавена во Италија кај издавачот „Интерно поезија“, ќе бидат претставени низ разговор со италијанската поетеса Марилена Ренда на меѓународниот фестивал за книжевност „Болоња ин летере“ во Италија преку онлајн стриминг на интернет на 17 мај, во 17 часот.

Освен објавата на „Крстна коска“ во Косово и во Италија, како и песни на шпански јазик во Мексико, Колумбија и во Аргентина и на португалски јазик во Португалија, нејзини необјавени песни напишани на италијански јазик беа наградени на конкурсот „Песна за Неапол“ во Италија во јануари годинава, распишан кај издавачот „Гвида едитори“.

Поради вонредните состојби во светот поврзани со коронавирусот, поетските настапи на Сарџоска на саемите за книга во Торино и во Милано се презакажани за следната година, додека, пак, нејзиниот настап во престижната „Палата на изложби“ во Рим, заедно со поетот Лука Бенаси, е презакажан за октомври годинава. Предвидени се и нејзини настапи на меѓународни поетски фестивали во Колумбија, Италија и во Норвешка.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 31, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 16-17 мај 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот