Фестивал за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО: Жените се малцинство

Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО застанува цврсто зад транспарентот: Жените се малцинство.

– Со ваквото политичко позиционирање имаме за цел да го преиспитаме значењето на терминот „малцинство“, свесно одбегнувајќи ја неговата национална, доминантна претпоставеност. Сакаме да посочиме дека во значењето на овој поим многу поважни се, всушност, односите на моќ помеѓу најразличните општествени групи, како и доминацијата на едни врз други. Таквата доминација секојдневно се случува преку вкоренети штетни политички уредувања и општествени норми, кои подразбираат дискриминација на мноштво идентитети што не се вклопуваат во идеалот што му е припишан на хегемониското мнозинство. Токму затоа, прашањето за малцинствата е и феминистичко прашање – велат организаторките на Фестивалот.

Програма

17. 08.2020 – понеделник
21:00 МКЦ галерија – Изложба: Ничии прагови конкретно – Елена Чемерска и Ивана Мирчевска22:00 МКЦ плато – Концерт: Димитра

18. 08.2020 – вторник
20:30 МКЦ плато – Разговор што може(ше) да биде перформанс: Непосредност во криза
22:00 МКЦ плато – Концерт: Хана, Долорес и Јоана

20.08.2020 – четврток
18:00 Град Скопје – Мапирање на женско културно наследство: Скопје 2020 (ж.) со Ивана Драгшиќ
20:30 ЦАЦ Мобилна галерија, Парк на Франкофонијата – Младинска програма со Период. Менструал мувмент Скопје : Проекција на едукативен филм и форум дискусија

22.08.2020 – сабота
20:00 МСУ плато – Прајват принт промоција: 15 хорор приказни од жени работнички на Кристина Божурска
21:00 МСУ плато – Проекција на филм: „Писма 1“ и „Писма 2“ на Ана Павловиќ
22:30 МСУ плато – Диџеј сет: ДИАХ

23. 08. 2020 – недела
20:00 МСУ – Изложба: Без простор – Селман Селма
21:00 МСУ плато – Диџеј сет: Дискордиа

View this post on Instagram

? „Прво па женско 8“ ќе се одвива исклучително според Протоколот за организација на настани во рамки на Планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот. Согласно, бројот на посетители на секоја од фестивалските активности ќе биде ограничен.? ⭐️ Ве молиме доследно да ги почитувате задолжителните мерки за спречување на ширењето на корона вирусот. ⭐️ #ППЖ8

A post shared by Tiiiit! Inc. (@tiiiit.inc) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот