Фестивал во Италија каде музичарите свират на инструменти направени од мраз (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Публиката за овие концерти мора да се облече како за на артички услови, бидејќи ти се одржуваат на глечер.

Ice Music Festival се одржува во специјален изграден амфитеатар со 300 места за седење, сместен на 2.600 метри надморска височина, на северноиталијанскиот глечер Пресена, кој инаку се топи поради глобалното затоплување.

Спектакуларниот глечер е во опасност. Од 1993 година изгубил повеќе од третина од својот волумен и преку лето се покрива со термални покривки за да се спречи негово понатамошно топење.

– Пресена е последниот глечер на алпите под 3.000 метри висина… Можеби можевме да изградиме уште поголем амфитеатар, но ако климата се промени, нема да можеме да уживаме во вакво искуство – рекол Мишел Бертолини, потпарол на блиското скијалиште.

Организаторите „концертната сала“ ја граделе повеќе од два месеци. Во неа од од јануари до крајот на март ќе се одржат 54 концерти од џез до поп, како и класична и традиционална музика.


Изградбата на инструменти од мраз беше сложена задача.

Меѓутоа, музичарите успеваат да остават впечаток дека не им е тешко да свираат пред публика на температура која се движи околу нула степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот