Фестивал Санденс 2021: „Улиште“ во центарот на независниот филм
Долгометражниот игран филм „Улиште“ на режисерката Блерта Башоли влезе во Главната интернационална натпреварувачка програма на 38. Филмски фестивал Санденс, извести македонската филмска продукција „Црна мачка“. Фестивалот ќе се одржи од 28 јануари до 3 февруари 2021 година во Парк Сити, Јута, САД, а во организација е на Санденс институтот, основан од актерот Роберт Редфорд. Фестивалот има за цел да ја поврзе публиката со уметниците во креирањето на нови идеи, откривањето на оригинални изрази и градењето на заедница посветена на независниот филм.
Блерта Башоли е млада режисерка родена во Косово, а има дипломирано на Универзитетот во Њујорк, отсек филм и ТВ. Досега има работено на неколку кратки и долгометражни играни филмови, но „Улиште“ е нејзиниот прв долгометражен игран филм. Блерта Башоли се потпишува како сценарист и режисер на филмот, кинематографер е Алекс Блум, монтажата е на Едис Сарачи и Феликс Сандри, сценограф е Влатко Чачоровски. Продуценти на филмот се Јил Ука, Валон Бајгора, Агон Ука, а копродуценти Брита Ринделауб, Кристијан Буровски, Томи Салковски и Паскал Семини.
(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 63, во новогодишниот број на печатеното издание на „Слободен печат“ на 31 декември 2020 – 3 јануари 2021)