Фестивал на пантомима и физички театар: „Панфиз“ ќе се одржи на отворено пред МНТ

Фестивалот на пантомима и физички театар „Панфиз“ годинава ќе се одржи на отворено на платото пред Македонскиот народен театар. Дводневната програма на 19 и 20 септември ги содржи музичката комедија „Кис“ на „Алис ин вондербенд“ од Србија, пантомимата „Лакомиот“ на Филип Дончев од Бугарија и буто-перформансот „Кабаре на апсурдот“ на „Страница“, копродукциски проект меѓу Србија и Македонија во кореографија на Марко Нектан и Ирена Лозинска.

На 20 септември во претпладневните часови ќе се одржи театарската работилница „Телото како инструмент“ на Ана Врбашки. Фестивалот ќе се одржи со почитување на препораките за заштита од коронавирусот, со лимитиран број седишта (30), а билетите ќе бидат поделени по принципот „прв дојден, прв услужен“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 49, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 19-20 септември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот