Фестивал на нова музика: Релаксирано издание на „Здраво млади“

Фестивалот на нова музика „Здраво млади“ своето јубилејно 10-то издание го одржа во навистина посебен амбиент во Парк МКЦ. Кризната ситуација со коронавирусот создаде идеална можност за поинаков и порелаксиран пристап во организацијата на фестивалот со редуциран број билети.

„Секое лошо за добро“, велат мудрите, а присутните на фестивалот уживаа во квалитетен и енергичен звук со целовечерна музичка програма понудена од домашните „Фанк шуи“ и „ПМГ Колектив“, како и гостите „Ефтеркланг“ од Данска, „Лалалар“ од Турција и диџеј Фиц од Ирска.

Организаторите од МКЦ како наследство од годинашното издание си добија и една пресимпатична макета, наменски изработена од „МврСвр продукција“. Макетата беше изработена за промотивниот спот, а сега ќе треба да си го најде своето фиксно место во МКЦ.

Фотографии: Стефан Рајхл

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 47, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 5-6 септември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот