Фестивал на анимиран филм: Десеттото издание на „Анимакс“ се одржа во Кинотеката

Под мотото „Убавината ве чека“ на 29 декември 2020 година во Кинотеката се одржа јубилејното десетто издание на меѓународниот филмски фестивал за анимирани филмови „Анимакс Скопје фест“. На фестивалот беа прикажани 15 анимирани филмови во официјалната програма во вид на филмски маратон. Филмовите беа избрани од голем број анимации, меѓу кои најголем број од Франција, Англија, Германија, Шпанија, Русија и Бразил. Заради специфичната здравствена ситуација во светот, овогодишното издание беше ревијално, без натпреварувачки карактер. Во текот на оваа година „Анимакс“ беше организатор на повеќе работилници за анимација наменети за деца.

Меѓународниот филмски фестивал „Анимакс Скопје фест“ е во организација на продуцентската куќа „Аурипигмент“, во соработка со филмското училиште „Тинтири-Минтири“ од Скопје, со поддршка на Град Скопје и во соработка со Кинотека на Македонија. Целта на „Анимакс“ е подигање и градење на културата во поглед на изработката на анимирани филмови за возрасни и деца, кои презентираат различни аспекти од секојдневниот живот.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 63, во новогодишниот број на печатеното издание на „Слободен печат“ на 31 декември 2020 – 3 јануари 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот