Фестапен ја загуби пол позицијата, Леклер стартува прв

twitter/formulaone

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен остана без пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико иако беше најбрз во квалификациите.

Дирекцијата на трката одлучи да го казни Ферстапен со поместување на три позиции поради игнорирање на жолтите знамиња во третата квалификациска сесија. Жолтите знамиња беа поради сударот на Валтери Ботас, а возачот на Ред Бул призна дека го забележал удрениот болид на Ботас, но не ги приметил знамињата.

Сепак, дирекцијата на трката одлучи да го казни, Ферстапен ќе стартува како четврти, а во првиот стартен ред ќе биде двоецот на Ферари, Шарл Леклер и Себастијан Фетел, додека третата позиција му припадна на Луис Хамилтон од Мерцедес. Стартот на трката е во 20.10 часот, а Хамилтон може да дојде до шестата титула доколку освои 14 бодови повеќе од клупскиот колега, Валтери Ботас, кој ќе стартува од шестата позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот