Фестапен го прозва Ферари: Тоа се случува кога ќе престанете да мамите

twitter/formulaone

Макс Ферстапен го освои третото место на трката на Големата награда на САД, пласирајќи се веднаш зад двоецот на Мерцедес, Валтери Ботас и Луис Хамилтон. Возачот на Ред Бул затоа беше побрз од возачот нљ Ферари, Шарл Леклер, додека Себастијан Фетел поради проблеми со моторот на болидот предвреме се откажа.

Екипата на Ред Бул претходно се жалеше во ФИА дека Ферари не ги почитува правилата околу системот за гориво и поради тоа италијанскиот тим мораше да прави модификации на болидот што резултира со послаб пласман во однос на последните неколку трки.

– Тоа што Ферари беше поспор од конкуренцијата не е ништо невообичаено. Вакви работи се случуваат кога ќе престанете да мамите – изјави Ферстапен.

Одговорот на „закачката“ од Ферстапен, дојде од младиот Шарл Леклер.
– Мислам дека тоа е шега, да бидам искрен. Тој нема појма што се случува во Ферари, не е дел од нашиот тим. Ние точно знаеме што работиме, а не знам зашто Ферстапен така зборува – одговори Леклер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот