Ферстапен најбрз и во Канада, Хамилтон се искачи на победничкиот подиум

Макс Ферстапен беше најбрз на патеката „Жил Вилнев“/фото: EPA-EFE/ANDRE PICHETTE

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен победи на трката за Големата награда за Канада и дојде до шестата победа во деветтата трка оваа сезона.

Ферстапен славеше на патеката „Жил Вилнев“, што беше 26 триумф во кариерата, пред возачот на Ферари, Карлос Саинс.
Последното место на победничкиот подиум го обезбеди седумкратниот Ф1 шампион, Луис Хамилтон, што е само втор ваков успех сезонава.

На Ферстапен во последните дваесетина круга постојано му дишеше во врат Саинс кој постојано имаше помалку од една секунда заостаток иако и двајцата возачи имаа различни стратегии. Ферстапен порано влезе во боксот на промена на пневматиците, додека Саинс го стори истото подоцна.

Шпанецот на 21 круг пред крајот доби можност да се вклучи во трката за победа откако на патеката излезе безбедносното возило по судирот на Јуки Цунода во заштитната ограда. Сепак, Ферстапен до крајот на трката не му даде шанса на возачот на Ферари сериозно да го загрози.

На четвртото место се пласира вториот возач на Мерцедес, Џорџ Расел, што значи враќање на германскиот тим во трката за највисок пласман.

Како петти заврши Шарл Леклер кој стартуваше од последното место поради казната за менување на електроника на погонската единица, а шести беше Естебан Окон.

Седми беше Фернандо Алонсо, осми Валтери Ботас, Гуанју Џоу беше деветти, додека еден бод освои Ленс Строл.

Мас Ферстапен останува лидер во генерален пласман со 175 бода, Перес има 129, а а Леклер 126.
Следната трка ќе се води за големата награда на Британија на легендарната патека „Силверстоун“ на 3 јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот