Ферстапен најбрз на квалификациите во Унгарија

twitter.com/F1

Ферстапен беше најбрз на квалифиикациите пред неделната трка за Големата награда на Унгарија пред Валтери Ботас и Луис Хамилтон.

За Холанѓанецот ова е прва пол позиција во кариерата, имаше најбрз круг од 1:14.572 мин.

– Ова е неверојатно. Болидот викендов е одличен, знаевме дека ќе биде тешко, но возилото „леташе“ – беа зборовите на Ферстапен после саботните квалификации.

Од четвртата и петтата позиција ќе стартуваат членовите на Ферари, Шарл Леклер и Себастијан Фетел.

Во Топ 10 се најдоа уште Пјер Гасли, Ландо Норис, Карлос Саинц, Роман Грожан и Кими Раиконен.

Трката в недела ќе се вози од 15.10 часот. Во генералниот пласман кај возачите води Хамилтон со 225 бодови, пред Ботас (184) и Ферстапен (162).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот