Фернандо Торес замина во пензија

Фернандо Торес, по 18 години активна играње фудбал, изненадувачки одлучи да стави крај на богата кариера.
„Имам нешто важно да ви соопштам. По возбудливи 18 години, дојде време да ставам точка на својата фудбалска кариера“ напиша Торес на социјалните мрежи.

Популарниот Ел Нињо најави дека во недела на прес конференција ќе ги објасни сите детали околу одлуката да се повлече од фудбалот.

Фернандо Торес фудбалската кариера ја започна во Атлетико Мадрид каде играше се до 2007 година кога премина во Ливерпул. Во редовите на „црвените“ тој помина четири сезони и во тој период го играше најдобриот фудбал во кариерата постигнувајќи 62 голови на 102 натпревари.

По Ливерпул, премина во Челси по што и неговата ѕвезда почна да бледнее. Тој во четирите години минати во Челси, одигра 110 натпревари и постигна само 20 голови. Една сезона мина на позајмица во Милан, а во 2016 година се врати во Атлетико Мадрид. Минатата сезона ја мина во Јапонија, во екипата Саган Тосу. За репрезентацијата на Шпанија одигра 110 натпревари и постигна 38 голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот