Фернандеш на лекарски прегледи во Јунајтед

По лошата сезона во која го освоија шестото место во Премиер лигата, Манчестер јунајтед летово на штеди пари за засилувања. Јунајтед досега ги доведе Арон Ван Бисака и Даниел Џејмс, а пред финализирање е  и трансферот на Хари Мегваер од Лестер, а до крајот на летниот преоден рок се очекуваат уште две засилувања со кои тимот повторно би се замешал во трката за титулата.

Идно засилување за менаџерот Оле Гунар Солскјер се очекува да биде фудбалерот на Спортинг Лисабон, Бруно Фернандеш. Португалскиот тим ја прифати понудата од 70 милиони евра за португалскиот репрезентативец, а според англиските медиуми се очекува тој најдоцна до утре да ги помине лекарските прегледи и да потпише договор со Манчестер јунајтед.

Манчестер јунајтед преодниот рок се очекува да го заврши со ангажман на фудбалерот на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ за кого подготвува понуда од 85 милиони евра. Трансферот се очекува да се реализира по продажбата на Пол Погба за кого Реал Мадрид денеска понуди 160 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот