Фернандеш: Манчестер јунајтед треба да ја заврши сезоната со трофеј!

Бруно Фернандеш ќе потпише нов петгодишен договор со Јунајтед/ фото: EPA-EFE/Andy Rain

Португалскиот интернационалец во редовите на „црвените ѓаволи“ вели дека неговиот клуб би требало да ја освои титулата во Лигата на Европа.

Сметам дека е од големо значење да ја победиме Севиља во полуфиналето, а потоа славиме и во финалето. Манчестер јунајтед не е клуб кој може да се задоволи без ниту еден трофеј во сезоната, поради што сме додатно мотивирани да ја освоиме Лига Европа – рече играчот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш.

Според Португалецот евентуалниот освоен трофеј ќе биде одлична увертира за следната натпреварувачка сезона 2020/21. Клубот од „Олд Трафорд“ е во таков добар налет што има само еден пораз на последните 24 дуели во сите натпреварувања.

Тоа би влијаело на нашиот менталитет. Така повторно би го вратиле победничкиот начин на размислување. Кога играте во голем клуб често морате во глава да имате што се очекува од вас. Само победи и трофеи мора да ни се во главите – додаде Фернандеш.

Потсетување, на 16 август (недела, 21.00 часот) на стадионот во Келн играчите на менаџерот Оле Гунар Солскјер ќе ги одмерат силите против Севиља.

Во истиот термин на 17 август (понеделник) Интер се соочува со Шахтјор Доњецк на теренот во Дизелдорф.

Многумина веќе предвидуваат финале Интер-Јунајтед, но останува да видиме по завршувањето на полуфиналните пресметки кои екипи ќе се борат за титулата во ЛЕ на 21 август (петок, 21.00 часот) во Келн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот