Фергусон не сака европска Суперлига

twitter.com/BBCRMunited

Во последно време зачестија шпекулацииите дека најголемите фудбалски екипи во Европа планираат да создадат натпреварување во кое би учествувале само најбогатите екипи на стариот Континент. Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез неодамна имаше средба со претседателот на ФИФА, Џани Инфантино на кој било разговарано за оваа идеја.

Сепак, еден од највлијателните луѓе во светот на фудбалот, сер Алекс Фергусон е против ваква идеја бидејќи екипите кои би учествувале во новото натпреварување ќе мора да ги напуштат лигите во кои се натпреваруваат.

– Ги прочитав информациите за создавање Суперлига за елитните европски клубови и како тоа ќе им донесе поголеми приходи. Несомнено идејата е ориентирана кон пари, но дефинитивно нема да биде примамлива за екипите во Премиер лигата, која во моментов е најдобрата во светот. Финансиски е поддржан од Sky, BT Sport и веќе од Amazon.

За мене е тешко да видам како еден англиски клуб би се согласил да го напушти шампионатот. Покрај тоа, да се биде во можност да играш во Лигата на шампионите е многу попривлечно за играчите, тренерите и навивачите, бидејќи тоа е најголемиот тест во клупскиот фудбал. Многу клубови со голема историја може да бидат уништени доколку нивните партнери од Премиер лигата се преселат – изјзви Фергусон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот