Фергусон има свој фаворит за клупата на Манчестер јунајтед

фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Дебаклот на Манчестер јунајтед во дербито против Ливерпул го запали алармот на „Олд трафорд“ и вчерашниот ден помина во состаноци и консултации кои на крајот завршија со одлука Оле Гунар Солскјер да добие уште една шанса.

Легендарниот менаџер на Јунајтед, сер Алекс Фергусон ги убедил сопствениците, браќата Глејзер како и извршниот потпретседател Ед Вудворд, да му се даде уште една шанса на Солскјер.

Проблемот за Солскјер е што екипата има пеколен распоред, а се чека првиот нареден кикс за да добие отказ, Јунајтед наредниот викенд игра против Тотенхем, потоа и гостува на Аталанта во Лигата на шампионите, а потоа следува градското дерби против Манчестер сити.

Фергусон наводно рекол дека не верува во краткорочни решенија и тоа претставува порака за Антонио Конте. Италијанецот со задоволство би седнал на клупата на Јунајтед, но е познат по неговиот темперамент и честото влегување во конфликти со управата и поради тоа не се задржа многу на клупите на Јувентус и на Интер.

Поради тоа англиските медиуми објавија дека и Зинедин Зидан е во трка за клупата на Јунајтед, но, утринава се појави нова информација за потенцијалниот наследник на Солскјер.
Наводно, сер Алекс Фергусон сака иден тренер на Манчестер јунајтед да биде Маурисио Покетино кој и во минатото беше поврзуван со клупата на „црвените ѓаволи“ и тоа пред да пристигне Солскјер.

Покетино моментно е тренер на ПСЖ, но се наоѓа под голем притисок од медиумите и постојано е цел на критики бидејќи екипата во која се Нејмар, Мбапе, Меси не игра убедливо и атрактивно.

Поради тоа се почесто се зборува за негова смена, но се чека кикс во Лигата на шампионите. Аргентинецот може да добие отказ до крајот на годината под еден услов, доколку управата на ПСЖ се договори со Зинедин Зидан по што ќе може да се пресели во Јунајтед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот