Ферари ја утна работата со болидот

Ферари сака да им биде конкуренција на Мерцедес и Ред Бул во трката за шампионската титула/Фото: EPA-EFE/ASANKA BRENDON RATNAYAKE

Иако на тестирањата пред стартот на сезоната во Формула 1 шампионатот, Ферари ги имаше најдобрите времиња, но на стартот од сезоната, приказната е сосема поинаква. Тимот на Мерцедес и возачите Луис Хамилтон и Валтери Ботас на досегашните пет трки, остварија пет еден-два победи, додека возачите на Ферари бијат битка со Макс Верстапен од Ред Бул за последното трето место на победничкиот пиедестал.

Претседателот на Ферари, Марија Биното, откри дека е започната истрага за слабите резултати.

– Губиме време на секоја кривина, не само во последниот сектор, туку на секоја кривина. Имаме многу податоци за анализа, од кои треба да дојдеме до заклучок штосе случува со болидите. Ни требаат неколку дена, за да разбереме дали проблемот беше во балансот, притисната сила или можеби во концептот на возилото шро засега ни изгледа како најреална опција за сите проблеми – вели Биното

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот