Ферари и Фетел му покажаа заби на Мерцедес

EPA-EFE/SRDJAN SUKI

Возачот на Ферари до пол позицијата пристигна во самиот финиш на квалификациите на патеката „Жил Вилнев“ и тоа со време кое беше за само 0.206 секунди побрзо од лидерот во генералниот пласман, Луис Хамилтон од Мерцедес.

Фетел на овој начин успеа да го прекине постот кој траеше 17 трки на кои не го немаше најбрзото време во квалификациите, а со тоа и најдобрата стартна позиција на трките.

Од третата позиција ќе стартува вториот возач на Ферари, Шарл Леклерк, додека веднаш зад него ќе биде најпријатното изненадување во квалификациите, Даниел Рикиардо од Рено.
Од  третиот стартен ред, трката ќе ја започнат возачот на Ред Бул, Пјер Гасли и Валтери Ботас од Мерцедес.  Од седмата до 10. позиција се пласираа Нико Хулкенберг (Рено), Ландо Норис и Карлос Саинз (Мекларен) и Кевин Магнусен (Хас).

Трката за Големата награда на Канада ќе стартува утревечер во 20.10 часот, а лидер во генералниот пласман е Хамилтон 137 бодови, 17 повеќе од Ботас и дури 55 од Себастијан Фетел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот